Винарија Далвина

За краток период винаријата Далвина се издвои како една од најпросперитетните компании во овој сектор, благодарение пред се на постојаното вложување во нови технологии и капацитети, како и стручниот и лојален колектив, со годишно производство од 6 милиони литри.

Низ секој чекор од производството Далвина воведува најмодерна технологија, започнувајќи од собирањето на грозјето па до процесот на ферментацијата. Целта е секогаш иста - да се создаде високостандарден производ.

Од соработката помеѓу Ецотип и винаријата Далвина ги издвојуваме следниве проекти:

Систем за филтрација на шира и талог

Вградувајќи го системот за филтрација Pall - Oenoflow HS, винаријата драстично ја намали загубата на вино која се појавуваше како резултат на претходниот систем за филтрација.

Филтрација на вино со модули наместо постоечките филтер плочи

Со реализација на овој проект, винаријата ги замени постоечките филтер плочи со филтрација со модули. Со оглед на тоа што системот на филтрација е променет од отворен во затворен тип, по замената се намали процесот на оксидација на виното.

Други завршени проекти