Почетна >> За нас >> Партнери
Партнери

Ecotip d.o.o. е компанија со основна дејност, производство на Екофил филтeри, поточно филтeри за груба и фина филтрација и апсолутни филтeри во склад со EN 779:2012.

Pall корпорацијата е лидер во филтрација, сепарација и прочистување, нудејќи комплетни решенија за да се излезе во пресрет на критичните потреби за менаџирање на течностите на клиентите, преку широката палета во своите две дивизии, Life sciences и Industry. Pall соработува со клиентите со цел да ги унапредат здравјето, безбедноста и еколошки одговорните технологии. Производите на Pall се креирани на тој начин, да овозможат иновации во производството и процесите и да ги минимизираат емисиите и отпадот.

TRM Filter е иновативна компанија, која може да се карактеризира по својата традиција, константност и постојан прогрес. TRM работат на развој и производство на напредни собирачи на прашина и системи за најсложените апликации во фармацевска, хемиска и прехрамбена индустрија.
BWF Group е светски лидер во производство на индустриски филтер медиум, пластични профили, неткаен текстил и волнени филцеви.
Основачот на Blueair, Bengt Rittri си зададе цел да го создаде најдобриот прочистувач на воздух во светот. За таа цел, создаде тим од талентирани дизајнери, специјалисти за филтрација и истражувачи. Овој тим го создаде најдобриот светски прочистувач на воздух кој има висока ефикасност, низок степен на бучава и одличен дизајн создаден со љубов во Шведска.
Во Bluewater, веруваат дека чистата вода е основно човеково право. За таа цел, од 2013 година, тие се целосно посветени на изноѓање нови начини за подобрување на човековиот живот преку водата за пиење, готвење и миење на храната.

Eko-Dim е комунално претпријатие кое се бави со професионални оџачарски услуги, одржувајќи го овој стар занает жив, истовремено воведувајќи најсовремени светски стандарди според ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007.
Schiki е компанија чие производство опфаќа широк спектар на високо квалитетни повеќеслојни рамни појаси, чекреци, подвижни ленти, синџири и машински делови кои ќе ја оптимизираат работата на системите во вашата компанија.

Ammeraal Beltech е една од водечките фирми во светот за процесни и подвижни ремени. Како глобална компанија, Ammeraal Beltech е достапна во 150 држави во светот. Нивните ремени се употребуваат во огромен број на индустрии, меѓу кои се вклучени: Прехрамбена, аеродромска, логистика и пошта, тутунска, хартија и принт, текстилна, автомобилска, гума и тркала и дрвна индустрија.
MDM како компанија се активни повеќе од 35 години во областа на нерѓосувачки челик и алуминиум. Како таква компанија, тие имаат одлична соработка со огромен број на фирми во повеќе индустрии, а со помош на тоа искуство се експерти во производство и процесирање на механичка опрема за обработка на метал, прехрамбена, процесна, автомобилска, хемиска и фармацевтска индустрија.

Ipros е специјализирана компанија за дизајнирање и развој на процесни решенија за млекари и пиварници, како и производства од прехранбената, фармацевтската и хемиската индустрија. Нивните топлотни изменувачи се оптимизирани за сите изводливи апликации, истовремено нудејќи прецизно планирање во сите области на трансфер на топлина.

3M се страсни кога се работи за здравјето и безбедноста на работниците во сите индустрии и средини. Оваа страст им помага постојано да воведуваат иновации со помош на најновата технологија. 3M произведува производи кои ја зголемуваат сигурноста, безбедноста и продуктивноста на работниците, објектите, како и системите низ целиот свет, истовремено нудејќи удобност.
Кога се работи за опрема за заштита при работа, Stayer Safety е компанија со долгогодишно искуство во повеќе држави низ целиот свет. Со широкиот асортиман, Stayer Safety произведува најсовремена опрема за заштита при работа во сите индустрии. Покрај производството, Stayer Safety се исто така и претставници на други брендови, како Ansell и Uvex, кои се светски водачи во поглед на опрема за заштита при работа.
ABC Maziva е ексклузивен дистрибутер на индустриски лубриканти на брендовите: Castrol, BP и Aral за Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово. Тие секогаш на своите клиенти им нудат најдобри производи, техничка поддршка, справување со отпадот, опрема за подмачкување и системи за менаџмент со хемикалии.

Šraml Kompresorji е Словенска компанија која е ексклузивен застапник за Becker, Babatz и Orpu, во областа на вакуумските и компресорските единици и системи на териториите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Покрај застапништвото, компанијата исто така располага и со овластен сервис и широка палета на резервни и дополнителни делови.
Vason Group e компанија која е пионер во битни технолошки апликации, како флотација при кларификација на сокови, стерилизација на шишиња преку Sofos, Cross-flow микрофилтрација на вино и тартарична стабилизација преку мембрани. Нивните патенти се стимул за постоечката еволуција во енолошката индустрија, при што Vason групата е на самиот врв.
Со сопствено ископување и производство на перлитот, овозможена е контрола на квалитетот во сите чекори, до испораката кај клиентот. Нивните производи имаат примена во повеќе индустрии, вклучувајќи ги Агрокултура и Хортикултура, филтрација при производство на храна и пијалаци и конструкциони материјали.