Почетна >> За нас >> За нас
За нас
Ецотип е приватна компанија со седиште во Скопје, основана во септември 1998 година.
Не сме компанија со стогодишна традиција, но затоа сме модерна приватна општествено одговорна компанија која веќе е лидер во неколку дејности во регионот.
Основни дејности се филтрација на воздух и течности, трансмисија и трансмисиони елементи, процесен инжинеринг и дистрибуција на материјали од нерѓосувачки челик и алуминиум, опрема за заштита при работа и трговија со масла и мазива.
Млади сме и ги прифативме сите принципи на современиот бизнис: Квалитет, Сигурност, Експедитивност, Едноставност. Темел на нашата програма е да бидеме Практични, Графички и Аналитички.
Во денешната индустрија со зголемување на конкурентоста нема повеќе место за таканаречена “анализа парализа” или за статистички заклучоци без практична валидација.
Резултатите на секој проект мора да бидат објаснети и сфатени на сите нивоа во организацијата.
Размислуваме глобално, но делуваме локално, работиме со најдобрите светски компании во своите дејности и сме нивни партнери, а нивниот квалитет и енергија заради кои се глобални лидери, ги пренесуваме на истото ниво.
Од првиот ден инвестираме во постојан развој на компанијата. Не превземаме, туку создваваме сопствен кадар, имплементираме стандарди во работењето, општествено сме одговорни преку нашиот однос кон државата и природата и тежнееме кон совршенство.
Степени во процесот:
Дефинирање: Дефинирање на проблемот, лоцирање на тим, цртање на процесот, посветеност на менаџерскиот тим.
Мерење: Евалуација на конкретниот процес, евалуирање на систем со база на податоци, препознавање на побарувањата за подобрување, развивање на стратегија за базата на податоци, развој на детална процесна мапа.
Анализа: Лоцирање на разликите помеѓу перформансот и планот, лоцирање на изворите на варијабилност, приоритет на сите можности за подобрување.
Подобрување: Документирање на потенцијални солуции, верификација на ефектот на промените, анализа на ризикот, детален развоен процес, развој на план за имлементација.
Контрола: Развој на механизам за превенција на проблеми, развој на контролен план, документиран план, систем за мониторинг.