Почетна >> Референци >> Винарија Стоби
Винарија Стоби

Од нашето досегашно искуство кое го имаме со компанијата Ецотип, а со тоа и со PALL, слободно можам да кажам дека сме многу задоволни и дека ги пресретнаа нашите очекувања во целост.
Винарија Стоби е основана 2008г, а со монтажа на процесната техника и технологија се започна во Април 2009г.
- Кои беа проблемите/предизвиците со кои се соочивте пред да ги поставите системите на Ецотип?
- Кои системи ги поставивте и дали со поставувањето на истите се решија проблемите?
- Дали со поставувањето на системите се подобри вашето работење и дали системите ги исполнија вашите очекувања?
Винарија Стоби е основана 2008г, а со монтажа на процесната техника и технологија се започна во Април 2009г. Целокупната инсталирана технологија во винарија Стоби е комплетно автоматизирана и е во согласност со последните научни достигнувања и потекнува од најреномирани компании како GIMAR TECNO, SIPREM, DALLA TORRE IMPIANTI, GORTANI – сите од Италија, додека линијата за полнење (единствена од ваков вид во Македонија) е дело на германско – италијански конзорциум KRONES – COSME GROUP. Одтука, си поставивме логично прашање која фирма да ја избереме за најсуштинската операција при производство на вино, а тоа е филтрацијата на виното. Филтрацијата на виното како процес е од суштинско значење за квалитетот на виното бидејќи преку филтрација се обезбедува микробиолошка, хемиска и физичка стабилност на виното од една страна, а од друга страна со правилно изведен процес на филтрација се штити и брендот на едно вино и брендот на една винарија.
Логично, имавме понуди од неколку светски реномирани компании за филтрација на вино, меѓу која беше и понудата на Ецотип од Скопје кои се генерални застапници за реномираната компанија PALL SYSTEM CORPORATION. Така, по долго размислување се одлучивме да ја избереме понудата на Ецотип која имаше најповолен однос помеѓу цена/квалитет на тоа што се нуди и најповолна понуда за послепродажба, односно за гарантен рок, редовно сервисирање, обука на вработени итн.
Бидејќи винарија Стоби е релативно млада компанија, а водени од желбата да бидеме подобри и поуспешни од нашата конкуренција се одлучивме да за првпат во историјата на македонското винарство го напуштиме класичниот систем на филтрација на виното со употреба на адитиви за филтрација како што е перлит и киселгурт, односно со употреба на груби филтри за филтрација на виното кои имаат негативен ефект како по квалитетот на виното, така и по животната средина, бидејќи киселгуртот всушност претставува диатомејска земја која е био неразградлива и ја загадува почвата и површинските отпадни води како резултат на силициум диоксидот. Затоа, како резултат на погоре опишаното се одлучивме за воведување на комплетно нова технологија од 21 век, а тоа го направивме со набавката на комплетно автоматски т.н. cross - flow или тангенцијален филтер со мембрани кои се изработени од полиетилен сулфон и се со номинална големина од само 0.2 микрона. Ова, всушност значи дека како резултат на големината на мембраните и нивниот асиметричен распоред со филтрацијата на виното низ овој филтер се елиминираат буквално сите микроорганизми кои подоцна би можеле да направат реконтаминација на виното, а со тоа и да го уништат и брендот на едно вино и секако брендот на една винарија. Затоа, правилниот избор системи за филтрација е најсигурниот чувар на имиџот на една компанија. Понатаму, задоволни од првичната соработка со Ецотип се одлучивме да и системот за микрофилтрација на виното пред полнење во шишиња го набавиме од PALL и како знак на градење на меѓусебната доверба и однос помеѓу двете компании на винарија Стоби и беше испорачан најнапредниот систем за микрофилтрација и воедно првиот произведен од таков вид од страна на PALL воопшто. Самиот систем за микрофилтрација се карактеризира со auto integrity test на мембраните за филтрација, односно пред пуштање во работа системот сам си врши автоматско дијагностицирање на интегритетот на мембраните и доколку нешто не е во ред со хигиената на самите мембрани системот не е возможно да се стартува во работа....
Понатаму, винарија Стоби следејќи ги последните научни достигнувања на модерното производство на вино реши да инвестира и во систем за третман на водата која се користи во редовните операции за хигиена и чистење на подовите и ѕидовите во винаријата како и за самата опрема и за таа цел беше набавен и систем за филтрација на бунарска вода.
Од нашето досегашно искуство кое го имаме со компанијата Ецотип, а со тоа и со PALL, слободно можам да кажам дека сме многу задоволни и дека ги пресретнаа нашите очекувања во целост.
