Почетна >> Референци >> Кожувчанка
Кожувчанка

Кожувчанка е основана 1995 година.
Таа е еден од лидерите во индустријата за производство на природна минерална вода, природна изворска вода и освежителни безалкохолни пијалоци. На почетокот компанијата
произведуваше само природна минерална вода се до 2004 година кога се здоби со лиценцата за полнење на освежителните безалкохолни пијалоци од програмата на германскиот интернационален бренд SINALCO.
Во 2009 година палетата на производи се прошири со уште два нови бренда: природна изворска вода и негазирани сокови SINETTA кои се дел од палетата на SINALCO. Производството на производите се одвива во два погони. Погонот за производство на минерална и изворска вода, се наоѓа во чиста и еколошка средина, во селото Мрежичко на Кожув планина, одалечено 35 км од градот Кавадарци, dодека погонот за производство на газирани и негазирани сокови од палетата на SINALCO се наоѓа на влезот на град Кавадарци.
Пред започнувањето на нашата соработка со Ецотип се соочувавме со недостиг од филтри и кертриџи за филтри за вода и воздух, односно СО2. Иако изворите (бунарите) за минерална и изворска вода се наоѓаат во еколошки незагадена средина, сепак се јавува потреба од филтрација на водата како би се обезбедила дополнителна заштита и би се загарантирал висок квалитет, сигурност и исправност на водата која како краен производ е наменета за широка потрошувачка. Нашата соработка со Ецотип започнува од 2007 година кога за прв пат се набавени касетни филтри за воздух, продолжува со набавка на био-филтри за филтрација на вода, филтри за шеќерен сируп и PALL - станица за филтрација на вода.
Во нашите производствени капацитети се поставени повеќе системи од програмата на PALL, како што се филтри за биофилтрација на вода, филтрација на шеќерен сируп, филтрација на воздух и CO2, а како врв на соработката е инсталирањето на PALL - станицата за микрофилтрација на вода која е пуштена во употреба на 18.04.2009 со што се обезбедува максимална заштита на крајниот производ.
Нашата соработка со Ецотип продолжува и во иднина, бидејќи се веќе докажани како сигурен соработник кој има идејно решение за сите потенцијални проблеми. Задоволни сме од брзата и навремена испорака, нивната професионалност и со сигурност во иднина тие ќе останат наш партнер со доверба.
Со почит,
Николов Богдан,
КОЖУВЧАНКА ДОО, Кавадарци



