Почетна >> Референци >> Далвина Винарија
Далвина Винарија

Во текот на 2016 година, Ецотип и Винаријата Далвина, интензивно работа на изготвување на два паралелни проекти.
1) Систем за филтрација на шира и талог;
2) Филтрација на вино со модули, наместо постоечките филтер плочи.
Со оглед на фактот дека огромни количини на вино се губат во процесот на производство, Винаријата Далвина се одлучи да инвестира во системот на Pall - Oenoflow HS, систем за филтрација на талог и шира, позиција каде Винариите имаат секогаш најголема загуба на вино. Каков втора инвестиција, Винаријата Далвина се одлучи да ги замени постоечките филтер плочи и да ги замени со инвестирање во филтрација со модули, повторно од Pall, овојпат со SupraPak куќиште и модули. Со оваа инвестиција, пред се’, се намалува шансата за оксидација на виното со оглед на тоа што системот за филтрација е променет од отворен во затворен тип.