ЕКОТИП амбасадори на GENERALKA WEEKEND

ЕКОТИП амбасадори на GENERALKA WEEKEND

Во ЕКОТИП веруваме дека вистинските промени започнуваат со лична одговорност и заедничка акција.

Мисија на ЕКОТИП е јасна, воведување напредни и иновативни решенија што го унапредуваат квалитетот на животот и создаваат одржлива еколошка иднина за сите нас и за генерациите што доаѓаат.



Токму затоа, природно е
волонтерите на ЕКОТИП бидат амбасадори од најголемата еко-акција на Балканот – GENERALKA WEEKEND!

Годинава, десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации, приватни компании, јавни институции и повеќе од 250 државни институции испраќаме обединета порака:

Чистата животна средина е заедничка одговорност.


Како амбасадори на ЕКОТИП, сакаме да потсетиме дека грижата за природата започнува од секој од нас – од најмала возраст, преку создавање здрави животни навики и култура на почит кон околината.

Чиста и питка вода, свет без пластика, чист воздух, зелена енергија и одржлив развој не се само цели – тие се наша заедничка обврска и визија за подобро утре.

Да бидеме дел од промената. Да ја чуваме природата денес, за да имаме подобра иднина утре за нашите најмили.


Older Post Newer Post