Екотип ви го претставува пакет фотоволтаичнот систем опремен со компоненти со врвна технологија за противпожарна заштита и тоа: фотоволтаични Vertex S+ Shield n-type i-TOPCon модули од најпознатиот производител TrinaSolar, микро инвертори, кабли и конектори од американскиот (САД) производител Enphase IQ8.

Сите компоненти се сертифицирани, но задоволуваат и посебни критериуми. Enphase микроинверторите се прифатени и препорачани од FEMA (Federal Emergency Management Agency - САД) заради нивната врвна издржливост и однесување при пожар.
Модулот Vertex S+ Shield на Trinasolar обезбедува швајцарски HW4 сертификат за издржливост од град и се сертифициранини со А+А класа за безопасност од пожар, според IEC 61730-2 стандардот.

Конфигурацијата: еден модул – еден инвертoр, е чекор плус во заштитата од пожари. И при исклучување од мрежа, максималниот DC напон во системот е безопасен и е понизок од 40 V, додека при исклучени стринг-инвертори, DC напонот останува од 600 – 1000 V.
Инсталираната моќноста на системот е флексибилна и може да се прилагодува според потребите. Секој модул може да биде со посебна ориентација и затоа системот е идеален е за покриви со комплексна геометрија.
Секој модул, поединечно работи со максимална моќност, но се искористени и голем број други патентирани решенија за зголемено производство на електрична енергија.

Се следи и оптимизира функционирањето на секој фороволтаичен модул/инвертор, како и на системот во целина.


Модулите се сертифицирани за издржливост од удар на зрна од град со дијаметар од 40 mm, за разлика од стандардните – со 25 mm.
Има можност за лесна надградба со батериски систем за складирање електрична енергија, со вграден динамички EMS.
Гаранцијата на компонентите е со целосна замена и трае 25 години.
