
ХОРЕКА
Професионални решенија за врвно угостителство.
Во динамичниот свет на хотелите, рестораните и кафулињата, секој детаљ е важен. Екотип преку својата HORECA дивизија нуди комплетни решенија за вода, воздух и хигиена, дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди на модерното угостителство. Нашата понуда вклучува, Прочистувачи за воздух, електростатски филтри за воздух, диспанзери и прочистувачи за вода, филтри за кафемати, ледомати и машини за садови, централни омекнувачи за вода,ароматизери, уреди за подготовка на џелато и опрема за професионално чистење на кујни и површини како и озонатори за дезинфекција и чистење на површини без хемиски средства.
Партнерска соработка остваруваме со водечки светски брендови како Tersano, 3M, Air/Aroma, TooA, Aquaporin, Waterlogic, Airquality, Kinetico, АAF, Mann+Hummel, Blueair и други, за да обезбедиме иновативни и ефикасни решенија кои го подобруваат квалитетот на услугата, го оптимизираат работењето и создаваат незаборавно искуство за вашите гости.
Со HORECA од Екотип, добивате повеќе од опрема – добивате партнер кој го разбира угостителскиот бизнис и се грижи за секој аспект од вашето работење.
Контактирајте