кои сме ние
ЕКОТИП Македонија веќе 30 години е синоним за иновации, одржливост и општествена одговорност. Лидер во областа на филтрацијата на воздух и течности, процесниот инженеринг, индустријата на масла и мазива, безбедноста при работа, металопреработувачката индустрија, како и во системите за трансмисија и трансмисиони елементи, енологијата и многу други стратешки сегменти во македонската индустрија и пошироко. Како официјален застапник на водечки светски брендови како Pall, Aquaporin, Trina Solar, 3М, Waterlogic, BWF, Solis, Enphase, Blueair и други, ЕКОТИП постојано поставува нови стандарди со напредни и иновативни решенија што го унапредуваат квалитетот на животот и обезбедуваат одржлива еколошка иднина за нашите партнери и идните генерации, со јасна визија да бидеме препознатливи како инспиративен регионален лидер на промени преку иновативност и најсовремени решенија за здрава и одржлива иднина
Мисија
Воведуваме напредни и иновативни решенија што го унапредуваат квалитетот на животот и обезбедуваат оддржлива еколошка иднина за нашите партнери и идните генерации.
Нашата визија
Нашата визија е да бидеме препознатливи како инспиративен регионален лидер на промени, преку иновативност и најсовремени решенија за здрава и одржлива иднина.
„Нашата посветеност на етиката и интегритетот“
Политика против поткуп и корупција
Политика за пријавување на нерегуларности
Политика за судир на интереси
Политика за спонзорства и донации
Политика за подароци и гостопримство
Рамка „Познај го својот клиент“ (KYC)
Стандарди за внатрешни трошоци и надоместоци