Екотип ја обезбедува најновата HVAC (греење, вентилација и климатизација) технологија за удобност во затворен простор и во возилата. Со AAF HAVC опремата гарантираме најдобар термички комфор и прифатлив квалитет на воздухот во затворен простор. HVAC системите обично се користат во индустриски, комерцијални, станбени и институционални згради и објекти.
„Екотип“ ги нуди рамките и куќиштата за филтри за воздух од AAF, како и HEPA/ULPA модулите и компонентите за чисти простории како опрема за греење, вентилација и климатизација. Тие се производи за голема издржливост, дизајнирани за различни филтри и комбинации на филтри, кои нудат заштеда на енергија и ги минимизираат вкупните трошоци за сопственост.