ECOTIP, ГРАДИНКAТA “БУБА МАРА” И ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДВОДАТ ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА: ИНОВАТИВНА TERSANO ТЕХНОЛОГИЈА ГИ ШТИТИ ДЕЦАТА - МОЌНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА КОЈА УНИШТУВА 99.999% ОД ВИРУСИТЕ И БАКТЕРИИТЕ

ECOTIP, ГРАДИНКAТA “БУБА МАРА” И ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДВОДАТ ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА: ИНОВАТИВНА TERSANO ТЕХНОЛОГИЈА ГИ ШТИТИ ДЕЦАТА - МОЌНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА КОЈА УНИШТУВА 99.999% ОД ВИРУСИТЕ И БАКТЕРИИТЕ

ГРАДИНКAТA “БУБА МАРА”,  ECOTIP И ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДВОДАТ ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА: ИНОВАТИВНА TERSANO ТЕХНОЛОГИЈА ГИ ЗАМЕНУВА ХЕМИКАЛИИТЕ ГИ ШТИТИ ДЕЦАТА - МОЌНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА КОЈА УНИШТУВА 99.999% ОД ВИРУСИТЕ И БАКТЕРИИТЕ


Најсовремена иновативна TERSANO технологија за чистење ВО ГРАДИНКАТА “БУБА МАРА”,   НАМАЛЕН пластичниот отпад, побезбедна, поздрава и поодржлива иднина


Во време кога здравјето на децата и квалитетот на животната средина се сè поголем приоритет, Општина Аеродром во партнерство со компанијата ECOTIP направи значаен исчекор кон модернизација на јавните установи, воведувајќи ја светски признатата технологија Tersano® Stabilized Aqueous Ozone (SAO™) во повеќе детски градинки. Станува збор за напреден, иновативен и одржлив систем кој овозможува истовремено чистење, дезинфекција и дезодорирање, со докажана способност да уништува бактерии, вируси и други патогени – без употреба на класични, често штетни хемиски средства.


Имплементацијата е реализирана во објектите Буба Мара 1 и 2 во Ново Лисиче, Сонце, Пчелка 1 и 2, како и Лавче во Горно Лисиче, со што директно се подобруваат условите во установи каде што секојдневно престојуваат стотици деца. Со оваа инвестиција, Општина Аеродром не само што вложува во здравјето и безбедноста на најмладите, туку и поставува нови стандарди за јавна хигиена и одржливо управување на национално ниво.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, истакнува дека овој проект е дел од јасна стратегиска визија за воведување на светски водечки иновации во јавниот сектор. „Нашата определба е да имплементираме технологии кои носат реални придобивки за граѓаните. Со ова решение обезбедуваме највисоко ниво на хигиена, но истовремено ја намалуваме зависноста од хемикалии кои имаат сериозно влијание врз здравјето и животната средина. Ова е инвестиција во иднината на нашите деца“, истакнува Митески.


Директорката на градинката, Цветанка Милкова, потенцира дека оваа промена има директен и видлив ефект врз секојдневното работење. „Во средина каде што децата се во постојан контакт со површини, играчки и опрема, исклучително е важно средствата за чистење да бидат безбедни. Со оваа технологија добиваме моќна дезинфекција, без никаква изложеност на токсични материи, што значително го подобрува квалитетот на престој и работа“, вели Милкова.

Проектот претставува пример за успешна имплементација на глобални стандарди во локални услови, при што тие во партнерство со обезбедуваат целосна поддршка – од инсталација и обука на персоналот, до континуирано следење, оптимизација и одржување.



Постара објава