Компресорски и вакуумски единици

Ставката е на залиха Само 0 остана на залиха Ставката е распродадена Ставката е недостапна

Во индустриските процеси, стабилниот притисок и контролираниот вакуум се клучни за ефикасност и сигурност. Екотип преку оваа дивизија нуди врвни компресорски и вакуумски системи за различни апликации – од лаборатории и медицински установи, до индустриски производствени погони и технолошки линии. Соработуваме со глобално признати компании, лидери во својата дејност, како Becker, Omega Air и други, за да обезбедиме решенија кои се енергетски ефикасни, технолошки напредни и лесни за одржување.

Нашата понуда опфаќа суви и маслени вакуум пумпи, централизирани вакумски постројки компресори со различни капацитети, сушачи за компримиран воздух, генератори за азот и кислород, филтрациски системи, регулатори на притисок, како и дополнителна опрема за оптимизација на системите. Со Екотип, добивате не само производ – туку целосна поддршка, експертиза и сигурност во секој чекор.

Контактирајте