Екотип заедно со Ротари клуб Скопје Центар успешно го реализираше проектот „Чист воздух за поздрави деца“ со донација на прочистувачи на Одделот за имунологија при Универзитетската клиника за детски болести.
Целта на оваа донација е подобрување на условите за лекување на децата на овој Оддел. За таа цел дониравме 12 прочистувачи OurAir SQ 500 PLUS во сите болнички простории на Одделот и 1 голем прочистувач OurAir SQ 1750 за централниот простор. Клубот ќе финансира и редовна годишна замена на филтрите во уредите во наредните три години.
Одделот за имунологија е специјализиран за третман на деца со примарни имунодефицити, хронични респираторни заболувања и други состојби кои го ослабуваат имунитетот. Годишно таму се хоспитализираат околу 800 деца, а 10 пациенти со тешки имунодефицити редовно примаат месечна терапија и претставуваат најранлива група.

Донираните прочистувачи значително ќе го намалат присуството на ПМ честички, бактерии, вируси, алергени и на штетни гасови, што е особено важно за имунокомпромитираните пациенти, за кои дури и минимално загадување може да предизвика компликации.
Со овој проект ги унапредивме безбедноста и квалитетот на болничката средина и ќе придонесе за подобри услови за терапија и побрзо закрепнување и заштита на малите пациент