СЕКОЈ ЗДИВ Е КАЗНА – ЗА НАШЕТО НЕДЕЛУВАЊЕ ПЛАЌААТ НАШИТЕ НАЈМИЛИ

СЕКОЈ ЗДИВ Е КАЗНА – ЗА НАШЕТО НЕДЕЛУВАЊЕ ПЛАЌААТ НАШИТЕ НАЈМИЛИ

Добар ден од Скопската котлина возете внимателно, видливоста е намаленаДенеска воздухоте со ноти на запалени кабли, депонии и стрништа.


Новото хоби во градот е: преживување!

 

  • Преживување на пат доработа, додека ги броишчадовите од комбињата и автобусите.
  • Преживување дома, созатворени прозорци икога е сончев ден затоа што некаде палат кабли, автомобил или цела депонија. Пожарите по околните планини се бонус.
  • Преживување како родител, додека го мериш квалитетот на воздухот пред да го пуштиш детето надвор на игралиште.

И тоа преживување полека станува нормалност. А тоа е најстрашното: кога ненормалното ќе го прифатиме како секојдневие.

 

 

КОГА ПРВИОТ ЗДИВ НОСИОТРОВ

Кога ќе излезеш наутро оддома во Скопје, првиот здивне носи свежина. Наместотоа, те удира тежок слој чад, мирис на пластика и согорен отпад. Сите знаеме тоа не е магла, тоа е отров. Скопје одамна престана да биде градсо чисто небо. Одамна на секоја моја слика на зајдисонце за жал имам еден pre-set: црвеникав смог над секој залез.“- само некаква црвеникава темна маглина.

Нашите мајки, нашите деца, нашите семејства сите тие полека ја претвораат болката во отпор. И тој отпор станува симбол на најголемата борба на овој град: борба за здив што спасува, а не убива.

 

ОГНОВИТЕ ШТО ГО ГУШАТГРАДОТ

Последната годинаизгледаше како сценарио одцрн филм:

  • Дрисла гореше со денови депонија што требаше да го чува отпадот, стана фабрика за отров.
  • Во Трубарево огновите се појавија блиску до земјоделски површини, оставајќи сомнеж дали храната што ја јадеме е безбедна.
  • Шутка повторно беше во пламен; чадот стигаше километри подалеку.
  • Визбегово ноќе мирисаше на изгорени кабли и отпад.

Сите овие сцени го претворија градот во комораполна со канцерогени честички. Додека институциите десеткувани низ децениите реагираат, граѓаните остануваат затворени и оправдано револтирани во своите домови, со прашањето: што дишеме и колку тоа ни го скратува животот?

 

 

ГОЛЕМИТЕ МЕРКИ ЌЕ ТРААТ СО ГОДИНИ ПРЕВЕНТИВАТА МОРА ВЕДНАШ

 

Трајните решенија за почист воздух веќе се напишани во програмите: замена настарите печки со топлински пумпи и ефикасни котли; проширување на гасоводната и централната мрежа за греење; изградбана регионални центри за отпад наместо диви депонии; строга контролана индустриските емисии; милиони нови садници изелени појаси околу градовите. Тоа се мерки што ќе чинат многу, ќе бараат сериозни инвестиции и време од најмалку пет до десет години.

 

Но додека чекаме тие големи проекти да се реализираат, граѓаните не можат да си дозволат уште една деценија на отровен воздух.

 

Затоа се потребни итни превентивни решенија: домашни прочистувачи, филтри со високи перформанси, мрежи за мониторинг во реално време и заштита на најранливите групи. Овие мерки не ја заменуваат големата стратегија ја дополнуваат, за да преживееме денес додека се гради подобра иднина.

 

 

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ БОЛЕСТА БЕЗ СИМПТОМИ

 

Бројките се повеќе од алармантни: секоја година илјадници луѓе воМакедонија предвремено умираат поради загадениот воздух. Според здравствени статистики и меѓународни студии, животниот век на граѓаните во Скопје и Тетово е скратен за 1,5 до 3 години во споредба со региони каде воздухот е чист.

Но трагедијата не е само во бројките туку во тивките, невидливи последици што неги чувствуваме веднаш, а се акумулираат низ годините. Загадениот воздух не боли веднаш. Нема боја, нема вкус, нема аларм. Сепак, секој здивноси микрочестички (PM2.5, PM10) и токсични гасови(NOx, SO, VOCs, диоксини) кои се лепат за белите дробови, влегуваат во крвотокот и полека ја трујат секоја клетка.

 

Го читам мојот драг пријател Д-р Андон Чибишев (лекар, професор, борец за здравјето на народот) секогаш храбар и директен во своите ставови, симбол на борец со знаење, професионалност и човечка храброст во одбрана на здравјето на народот, често знае сите да не разбуди и предупреди за последици врз здравјето од загадениот воздух.

  • Кардиоваскуларни болестизголемен ризик од срцеви и мозочни удари и висок крвен притисок.
  • Респираторни проблемиастма кајдецата, ХОББ, намалена белодробна функција кај возрасните.
  • Карциномособено на бели дробови, но и на други органи, поради канцерогени честички што патуваат низ крвта.
  • Невролошки нарушувањасе повеќе докази за поврзаност со деменција, Алцхајмер и Паркинсон.
  • Репродуктивни проблеминамалена плодност, ризик од предвремено раѓање и ниска родилна тежина.

 

Болест што не застанува наедна генерација

 

Загадувањето не завршува со нас. Долготрајната изложеност на токсини може да предизвика епигенетски промени и нарушувања кои се пренесуваат на следните генерации. Денешниот нечист воздух може утре да се претвори во хронични болести кај нашите деца и внуци.

 

 

ШТО ПРАВАТ ДРУГИТЕГРАДОВИ?

Често велиме дека ова епроблем само кај нас, но вистината е дека речиси сите европски метрополи се соочуваат со предизвици со квалитетот на воздухот. Разликата е во тоа што многу градови вложуваат во конкретни решенија, со јасна стратегија за заштита на граѓаните особено на најмладите.

Белград прочистувачи восите училишта и градинки

Белград беше првиот град во регионот кој презеде системска мерка во сите училишта и градинки постави прочистувачи навоздух. Целта е да се заштитат децата барем во времето додека учат ииграат, бидејќи тие се најранлива категорија. Родителите имаат сигурност дека барем во образовните институции нивните деца дишат почист воздух.

Загреб субвенции за граѓаните

Во Загреб, општината обезбеди субвенции за домаќинствата кои купуваат прочистувачи на воздух и системи за вентилација. Така се стимулира секое семејство да вложи во своето здравје, а истовремено да се намали оптовареноста на здравствениот систем од болести поврзани со загадување.

Варшава програма за заменана печки

Полска со години важеше зацрна точка поради огромната употреба на јаглен. Во Варшава започнаа агресивна програма за замена на старите печки на јаглен со еколошки системи за греење и дополнително стимулираа поставување прочистувачи во јавните институции. Резултатот: значително намалување на концентрациите на PM честички во текот на зимата.

Љубљана зелени училници

Словенија вложува во т.н. зелени училнициобразовни објекти со системи за прочистување и континуирано мерење на квалитетот на воздухот. На влез секое дете и родител може да види дисплеј со актуелните податоци за воздухот во училиштето. Транспарентноста создава доверба и притисок кон властите да продолжат со инвестициите.

Кијев, Истанбул, Доха, Баку, Паризмрежа што не спие

Модерните градови сфатија дека борбата со загадувањето почнува од едно нешто квалитетни и навремени податоци. Неможеш да решиш проблем што не го мериш, во секој момент и насекаде. Токму затоа сè повеќе урбани средини се одлучуваат за Oizom мониторинг-системи: паметни уреди кои 24/7 го мерат квалитетот на воздухоти даваат точни информацииво реално време.

Во Индија, девет паметни градови веќе инсталираа дури 129 Oizom Polludroneмонитори. Тие мерат PM2.5, PM10, но и гасови како CO, NOx, SO, озон, па дури и временски параметри. Граѓаните добиваат податоци на мобилни апликации и јавни екрани, а властите имаатј асна слика за тоа кога и каде е најголемо загадувањето. Оваа мрежа значи дека веќе нема бели дамки секој кварт може да види што точно дише.

Кијев, Истанбул, Доха, Баку мрежа што не спие

Некои од најголемитеметрополи во Европа и Блискиот Исток Кијев, Истанбул, Доха, Баку веќе користат Oizom решенија. Таму уредите се распоредени на клучни локации: покрај фабрики, главни сообраќајници и во централни делови на градот. Придобивката е очигледна податоците покажуваат каде се најголемите жешки точкии на властите им овозможуваат таргетирани мерки наместо генерализирани забрани.

Податоците можат да служат како основа за казнени мерки за загадители или застимулации за чисти технологии.

 

OIZOM – МЕРИМЕ ЗА ДАДЕЛУВАМЕ

 

Модерните градови знаат: неможеш да решиш проблем што не го мериш. Затоа поставуваат мрежи на паметни сензори како Oizomуреди што 24/7 мерат PMчестички и гасови и даваат податоци во реално време.

  • Индија (9 Smart Cities“) : инсталирани 129 Polludrone монитори(PM2.5/PM10, CO, NOx, SO, O + метео-параметри).
  • Кијев, Истанбул, Доха, Баку: сензори на клучнилокации покрај фабрики и главни булевари за идентификација нажешки точки.
  • Dustroid (Oizom):специјализирани уреди за мониторинг на прашина на градилишта, тунели и патишта.

 

Придобивки: моментални податоци, просторна прецизност по маало/кварт, основа за политики и санкции, јавна транспарентност и пониски трошоци во споредба со монолитни мерни станици.

 

 

OEKOSOLVE – СТОП ЗА ГУСТИОТ ЧАД И КАНЦЕРОГЕНИТЕ ОБЛАЦИ

 

OekoSolve AG е швајцарска компанија специјализирана за електростатски филтри(ESPElectrostaticPrecipitators). Овие уреди се монтираат на печки и котлина дрва/биомаса и имаат една задача: да ја отстранат фината прашина (PM) и канцерогените честички што се ослободуваат при согорување. Со едноставни зборови: таму каде што традиционално печките создаваат густ чад и сиви облаци, филтрите на OekoSolve ја фаќаатпрашината и ја намалуваат емисијата за над 90%. Резултатот е речиси невидлив чад и значајно почист воздух за соседството.

 

Како е препознаена технологијата

Многу европски земји веќе ја вклучија технологијата на OekoSolve во своите програми за субвенционирање:

 

  • Швајцарија: делумно финансирање за домаќинства заштитана алпските долини во зимски услови.
  • Германија и Австрија:регионални програми за места со традиционално дрвно греење и високи емисии.
  • Италија (Јужен Тирол):општински грантови за камини и котли во домаќинства.
  • Скандинавски држави:д ел од програмите за чиста енергија задржување на традицијата без жртвување на здравјето.

Што значи ова за нас?

 

Ако во Алпите, Тирол или Австрија е јасно дека овие филтри го продолжуваат животниот век и јанамалуваат болеста, логично е и кај нас да се размислуваво иста насока сосубвенционирање на прочистувачи за домаќинства и поддршка натехнологии што гонамалуваат загадувањето на изворот. Тоа треба да биде една од првите превентивни мерки.

 

ТЕХНОЛОГИЈАТА КАКООДБРАНА ВО ДОМОВИТЕ Blueair Mann & Hummel

 

Blueairчист воздух за еден час

Шведската Blueair со HEPASilent отстранува 99,97% од честичките до 0,1 μm (чад, прашина, алергени, бактерии, вируси). Златниот стандард за домашна филтрација – кој користи енергија помалку од една домашна светилка. Така исто, според Blueair, нивната технологија може да обезбеди 45 % поголем волумен на чист воздух во споредба со типични HEPA филтри, и 67 % помал шум во споредба со споредни системи Работи под 20 dB е идеално за спални.

 

Mann & Hummelиндустриска сила дома

Mann & Hummel, со повеќе од 80 години германска експертиза во филтрација, нуди мулти-слојни филтри со активен јаглен кои ефикасно апсорбираат NOx, SO₂, VOCs и ги елиминираат штетни гасови и мириси во затворени простори
Тестирања потврдуваат: значајно намалување на штетните гасови за рекорден временски интервал — токму она што му е потребно на Скопје при локални пожари и чад.

 

ПРИОРИТЕТИ НАОПАКУ ЗДРАВЈЕТО НА ПОСЛЕДНО МЕСТО

 

Често ќе видиме семејство како купува нов телефон од 1.000 евра или телевизор од 65 инчи. Автомобилите ги негуваме и сервисираеме, вложуваме во гуми иосигурување. Но кога станувазбор за нашето здравје прочистувач за домот, редовна контрола, превенција тоа премногу често е последно на списокот.
Сè додека не завршиме во лавиринтите на клиниките, се обидуваме да го вратиме тоа што не секогаш може да се врати. Белите дробови, срцето, мозокот не се телевизор што се заменува со нов модел. Иронијата е сурова: повеќе инвестираме во машина што пушта филм, отколку во машина што ни овозможува да дишеме чисто.

 

КОНЦЕРТИ ЗА ЕДЕН ДЕН, ПОСЛЕДИЦИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ

 

Секоја година се трошат стотици илјади евра за едновече музика и светла, додека илјадници деца секојдневно дишат воздух кој им го скратува животот.
Што останува по концертот? Малку слики на социјални мрежи и куп отпад. А од загадениот воздух? Хронични болести, предвремени смртнислучаи, генерации со трајно оштетено здравје.
Замислете ако истиот буџет се вложи во прочистувачи засекоја училница, мрежи за мониторинг или филтри наоџаци во домаќинствата тоа би била симфонија одпочист воздух и здравиграѓани. Секој огномет над Скопје звучи како потсмев набелите дробови што се боратсо чадот од депонии, пожарии стари печки. Не прифаќајме еден ден спектакл за сметкана цел живот страдање.

 

 

ОПШТЕСТВЕНАОДГОВОРНОСТ ПРИМЕРОТ НА ECOTIP

 

Само во изминатата година, ECOTIP инвестираше над 1.000.000 во здравјето на граѓаните.
Минатата година јазапочнавме нашата мисија содонација од 100.000 денес секое дете во ООУНевена Георгиева Дуња“ (Кисела Вода) учи и дише воучилница со воздух прочистендо медицински стандард сотехнологијата на Mann & HummelДополнително поставивме пет надворешни прочистувачи, создавајќи мали оази на чист воздух пред детски игралишта и јавни површини нешто што не е луксуз, туку основно човечко право.

Со поддршка на општините, ECOTIP обезбедипрочистувачи и за најранливите категории граѓани низ државата. Така најзагрозените конечно добија барем еден слојзаштита од воздухот што небира жртви.

Ова не е само донација ова е порака: нашето го направивме. Сега сте вие на потег.


Ако само една компанија може да покаже ваква грижаи визија, тогаш секој од нас може.

 

Здравиот воздух не е подарок тоа е обврска.


Време е сите да преземемедел од таа одговорност.

Понова објава