Врз основа на својата силна историја, континуирани инвестиции во R&D и посветеност во рамките на индустријата, ААФ изгради значителна експертиза изнаоѓајќи решенија за чист воздух. Решенија, кои можат да направат разлика и да одговорат на денешните предизвици во однос на животната средина и здравјето на луѓето.
Сеопфатното портфолио на производи и услуги содржи комплетен опсег на филтри и за цврсти честички и за гасовити молекуларни супстанции, врз основа на кои може да се обезбеди прилагодено решение за чист воздух. Сите производи се дизајнирани и тестирани според најновите стандарди за филтрација како што се ISO16890 (поранешен EN779: 2012) и EN1822: 2009.
ААФ, исто така, активно учествува во меѓународната индустрија и регулаторните комисии, како што се Еуровент и ИСО, така што клиентите можат да бидат уверени дека наоѓаат одговорен и сигурен партнер во ААФ.
Посебна техничка поддршка е понудена од фазата на дизајнирање HVAC до инсталација и следење на самото место, така што квалитетот на воздухот е оптимизиран во однос на вкупни трошоци.
Од 2006 година, ААФ е дел од јапонската мултинационална Daikin Industries Ltd., светски лидер во системите за климатизација. ААФ има вработено вкупно 2.600 луѓе ширум светот и седиштето е во Луисвил, САД. Седиштето за регионот ЕМЕА (Европа, Блискиот исток и Африка) е во Хепенхајм, Германија. Локалитетите за производство во регионите се во Холандија, Велика Британија, Франција и Словачка.
AAF има густа дистрибутивна мрежа ширум Европа и сите производствени локации се сертифицирани со ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001. Неодамнешните инвестиции во производството и синџирот на снабдување резултираа во натамошно зголемување на квалитетот и непречен логистички систем. ААФ може да го обезбеди вистинско решение во вистинско време на вистинско место.