Дивизии

Екотип е компанија која благодарение на своето дваесетгодишно искуство ја стекна потребната доверба кај крајните корисници и стана препознатлив бренд - регионален лидер за опрема за филтрација на воздух и течности и трансмисија со трансмисиони елементи.

Напорно работиме да ги воспоставиме нови стандарди и да им помогнеме на локалните и регионални компании да ги зајакнат своите капацитети, да обезбедат висок квалитет и во делот на процесниот инженеринг, индустријата на масла и мазива, безбедност при работа, производството на вино и многу други сегменти во повеќе индустрии.

Нашата политика за квалитет опфаќа:

Трговија со филтри, системи за филтрација и сепарација на воздух и течности, транспортни траки и ремени, инокс и алуминиум, опрема за заштита при работа, индустриски масла и мазива и процесна опрема со почитување на домашни и странски закони и регулативи.

Континуирано подобрување на системот за управување со Квалитет Животната средина и Безбедност и здравје при работа согласно ИСО 9001:2015; ИСО 14001-2015; ОХСАС 18001-2007.

Тежнеење кон зголемување и подобрување на асортиманот на производи кои им го нудиме на купувачите.

На нашите ценети купувачи им гарантираме понуда на најдобри производи, квалитет и професионализам, храброст да правиме промени, подготвеност за иновации и контрола над ситуација.

Воспоставувањето и негувањето на пријателски односи со сите заинтересирани страни - добавувачи, купувачи, вработени и државни надлежни органи, е основа на нашата екстерна и интерна комуникација, со цел постигнување заеднички цели и интереси.

Искрено декларирање на нашите производи и запознавање на купувачите со нашата политика уште при првите контакти

Создавање на услови за развивање на креативност и унапредување на тимската работа на вработените.

Континуирани обуки и подигање на свеста на персоналот е основен начин за постигнување максимален придонес за организацијата, следствено и за секој поединец.

Навремена достава на производите.

Да водиме грижа за животната средина и рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси.

Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање.

Да бидеме одговорни кон вработените преку воведување на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми.

Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа.

Филтрација на воздух
Филтрација на течности
Трансмисија и елементи за трансмисија
Енологија и енолошки производи
Нерѓосувачки челик и алуминиум
Лична Заштитна Опрема (ЛЗО)
Индустриски масла и мазива
Процесна опрема и инженеринг
Компресорски и вакуумски единици
Хотели, ресторани, кафулиња
Фотоволтаични системи