Приватни Потрошувачи

Како одговор на глобалните промени што влијаат на целокупната благосостојба на луѓето, Екотип ја прошири деловната активност со фокус на основните потреби на луѓето - чист воздух, здрава вода за пиење и подобрување на квалитетот на живеење.

Сите нашите партнери и соработници се водечки светски производители и брендови. А соработката на Екотип со нив е логична - ja делиме и истата визија а тие го нудат најдобриот производ за остварување на таа визија. А таа е чист воздух и чиста вода како основни човекови права и услов за подобрувањето на квалитетот на животот со широк фокус на екологијата како предизвик кој ни го носи иднината.

Blueair е името на најнапредните пречистувачи за воздух на денешницата. Во палетата на производи поседуваат пет различни модели наменети и прилагодени и за најпрфинетите потреби на корисниците. Како што доликува на сите шведски производи, квалитетот на сите Blueair модели е на највисоко можно ниво. Ефикасност на пречистување од 99,9%, брза испорака на чист воздух, исклучително економични и тивки, лесни и практични за употреба. Дизајнот е едноставен, минималистички, прилагодлив на различните стилови на потрошувачите. Blueair е најкомплетниот уред за пречистување на воздухот а според светските искуства, значително го подобрува квалитетот на животот и брзо стануваат миленик на целото семејство.

Aquaporin пречистувачи на водата за пиење во домашни услови. Технологијата Aquaporin inside - tm овозможува совршено чиста вода со висок и стабилен проток. Оваа револуционерна технологија односно откритие е добитник на нобелова награда за технологијата Aquaporin inside се смета како една од најперспективните за решавање на светскиот проблем со недостиг на вода за пиење.

PFAS

Bluewater пречистувачи за вода кој обезбедува врвни решенија за филтрирање и подобрување на водата од чешма. Со технологијата SuperiorOsmosis-tm водата од чешмата станува исклучително чиста а со додавањето на минерали потребни на човечкиот организам и вкусна. Со водата третирана од Bluewater се подобрува хидратацијата на телото.

Culligan производител и бренд на пречистувачи за вода од чешма кој нуди исклучително ефикасен трeтман на водата за пиење по што се добива чиста, здрава и безбедна вода. Едноставен за употреба и со висока ефикасност овој бренд е еден од светските бестселери со индустријата за филтрација и третман на вода.

BluPura е бренд на производителот Culligan кој произведува фонтани и диспанзери за вода за домашна и професионална употреба. Со диспанзерите за вода од овој бренд, добивате големо количество на ладна, амбиенттопла, газирана и амбиентална или газирана вода.ална вода на дофат на вашите прсти без да и наштети на животната средина. Дизајнираните диспанзери се направени во Италија изведени во нерѓосувачки челик. Со нив корисникот може да одбере дали сака да има топла, ладна, амбиентална или газирана вода.

Flowater е диспанзер за чиста вода за пиење кој покрај станица за полнење вода истата целосно ја трансформира и подобрува. Полнењето вода од овие диспанзери е потполно бесконтактно со што се избегнува пренесување на патогени и други микроорганизми. Покрај тоа што ја пречистува, Flowater го подобрува целокупниот минеролошки и електролитски состав на водата а ја балансира и Ph вредноста. Овој диспанзер наоѓа примена како кај приватните субјекти така и во компаниите.

Kinetico е ефикасен омекнувач на вода. Замислете си бања и кујна без бигор. Кристално чисти плочки и кујнски површини. Прибор за јадење и чаши без дамки а уредите во домаќинството кои работат со вода, безбедни и чисти. Со тоа заштедувате и до 12% на сметките за греење на водата и го продолжувате векот на уредите во домаќинството. Со Kinetico ќе уживате во луксузно мека вода 24/7.

Tersano Inc. е канадски производител на иновативни и еколошки уреди и средства за чистење и дезинфекција без употреба на конвенционалните токсични хемиски средства. Прилагоден за приватни корисници и стопански субјекти, Терсано е револуционерен уред кој обичната вода ја претвара во озонирана вода и со тоа и дава моќ да ги чисти, освежува и дезинфицира сите површини.

3M меѓу другото произведуваат и респираторни маски со многу високо ниво на заштита. Маските се анатомски, прилагодливи на сите форми и големини на лица, остваруваат добар контакт со кожата со што ја елиминираат можноста за влез на воздух од надвор. Изработени се од неколку слоеви на специјални материјали за филтрација на воздухот.

3M Scotch Brite се производи за професионално чистење кујни. Во палетата на производи има најразлични алатки и средства за чистење кои наоѓаат примена во секојдневните активности во кујните но и другите површини на угостителските објекти. Производите 3М Scotch Brite се одликуваат со исклучителен квалитет и дизајн и стануваат незамнливи веднаш по првата употреба.

Retap е данска компанија за производи за вода. Во својата понуда има Retap Drinkware - шишиња за повеќекратна употреба, гарафи и чаши за вода, специјално дизајнирани за пиење вода од чешма. Ние веруваме дека најдобриот начин за пиење вода е со повторно полнење на пијалокот за повеќекратна употреба со вода од чешма. Садовите се направени од боросиликатно стакло кое е тешко кршливо а се користи во лабораториите и кај врвните садови за готвење. Боросиликатно стакло е отпорно на топлина, лесно и ги задоволува највисоките хигиенски стандарди. Тоа е чист материјал без олово или кадмиум и не може да ја загади водата. Retap Drinkware е направен од до 30% рециклирано стакло. За да се биде поиздржливо, секој производ е направен од едно парче стакло. Тоа значи дека нема рабови каде бактериите можат да се акумулираат и да растат.

Hobby Flower е патентиран систем на самонаводнувачки жардињери со еколошки дух. Наполнете го резервоарот само 4 пати годишно и полевајте го површински на секои 4 или 5 недели. Резултатот е совршени растенија со минимално одржување. Благодарение на двете цевки на нашите Хидроплантери, добиваме постојана минициркулација на воздухот што ја олеснува оксигенацијата на водата и нејзините најдлабоки корени, репродуцирајќи ја работата на природата.

Enphase Energy е американска компанија која развива, произведува и продава соларни микро-инвертери, софтвер за следење на производството на енергија и производи за складирање енергија од батерии, првенствено за резиденцијални клиенти. Компанијата е основана во 2006 година и е со седиште во Фремонт, Калифорнија. Компанијата беше првата што успешно го комерцијализираше микро-инвертерот, кој ја претвора моќта на директна струја (DC) генерирана од соларни панели во наизменична струја компатибилна со мрежата (AC) на ниво на поединечни панели. Од 31 декември 2021 година, компанијата испорача повеќе од 42 милиони микроинвертери на 1,9 милиони соларни системи во повеќе од 130 земји.

Прeчистувачи на воздух
Прoчистувачи на вода
Омекнувачи на вода
Диспанзери за вода
Заштитни респираторни маски
Уреди за еколошко чистење и дезинфекција
Самонаводнувачки саксии и жардињери
Производи и алатки за професионално чистење
Подни Подлоги
Прибор за пиење вода
Фотоволтаични системи