Променето на: 2022-03-29
Изјава за приватност
- Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кој се собрани при процесот на регистрација на Клиентите на интернет страницата www.ecotip.com.mk, односно во процесот при регистрација на Корисник како примател кој се согласува да добива известувања за производите и промоциите на интернет страницата www.ecotip.com.mk. Оваа изјава за приватност е составен дел од Општите услови за работа на Ецотип.
Ецотип ДОО Скопје, како давател на услугите на интернет страницата www.ecotip.com.mk, се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти односно Корисници, а особено на Законот за заштита на личните податоци. Во овој документ е опишано како контролорот на податоци Ецотип ДОО Скопје, ул. Орце Николов бр.202/3-1, (во понатамошен текст Ецотип) ги обработува личните податоци.
Се упатуваат Корисниците на интернет страницата www.ecotip.com.mk (во понатамошниот текст Клиенти) односно Корисници кој се приматели на известувањата за производите и промоциите на ecotip.com.mk (во понатамошен текст Корисници) да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кој податоци Ецотип ДОО Скопје ги собира и обработува и за која цел, врз база на кои законски основи, со кого и зошто ги споделува, кој заштитни мерки ги спроведува, како и кој се вашите права поврзани со пристапот до лични податоци, корекција, бришење и вашето право на приговор.
Секој Клиент или Корисник кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на следнава електронска адреса info@ecotip.mk - Офицер за заштита на личните податоци во Ецотип ДОО Скопје е Борче Стојчевски, кој може да се контактира на следниот телефон: : +389 (0) 70 352 618 или преку следната емеил адреса: stojcevski@ecotip.com.mk
- Со прифаќање на оваа Изјава за приватност со кликнување на формата за регистрацијата на Купувачот односно при најавување на интернет страницата www.ecotip.com.mk од страна на Корисникот што прима известувања за производите и промоциите на Ецотип, Клиентот или Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци кој се утврдени со оваа Изјава.
- Каков тип на лични податоци собира и обработува Ецотип преку интернет страницата www.ecotip.com.mk?
- За време на регистрација на лице како Клиент на www.ecotip.com.mk интернет страницата, Ецотип ДОО Скопје во продолжение, од Клиентот ќе побара обезбедување на одредени информации за себе (лични податоци) како име и презиме, телефонски број, електронска адреса, , компанија (опционално), корисничко име и лозинка.
За време на регистрација на лице како Корисник на примател на известувања за производи и промоции на www.ecotip.com.mk интернет страницата, Ецотип ДОО Скопје во продолжение од Корисникот ќе побара да внесе информации за себе (лични податоци) и тоа: име (опционално) и електронска адреса.
Давањето на лични податоци е одлука на Клиентот или Корисникот. Доколку Клиентот или Корисникот не ги обезбеди потребните задолжителни информации за одредена активност што е побарана, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност, бидејќи без тие податоци активноста нема да биде технички изводлива.
Покрај овие информации, ние автоматски собираме податоци од вашиот компјутер, што може да вклучува IP-адреса, а има ситуации кога автоматски собираме и друг тип на податоци, како што се датум и време на пристап до интернет страницата www.ecotip.com.mk, информации за хардверот и софтверот или интернет пребарувачот кој го користите како и оперативниот систем на вашиот систем и верзија на апликацијата и јазичните поставувања.
Исто така може да собираме информации за кликовите на интернет страницaтa www.ecotip.com.mk.
За каква цел www.ecotip.com.mk собира и обработува лични податоци?
Ецотип ги собира и обработува личните податоци за Клиентот на интернет страницата www.ecotip.com.mk заради спроведување на безбедна проверка на автентичноста на Клиентот кој пристапува на интернет страницата, реализација на договори за набавка на производи, испорака на производи до Клиентот, комуникација со Клиентот, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот, а и применуваме автоматизирани процеси за обработка со цел постојано да ги подобруваме нашите процеси во интерес на Клиентот, за понудата на Клиентот да биде што е можно повеќе индивидуална според неговите потреби и да ја прилагодиме нашата понуда на производи и услуги врз основа на навиките и потребите на нашите Клиенти.
Ецотип ги собира и обработува личните податоци на Корисникот за примените известувања за производите и промоциите со цел за испраќање на известувања, покани за учество во наградни игри преку електронска пошта, социјални мрежи или други канали за комуникација на кои претходно сте се пријавиле, евентуални можни правни постапки поврзани со договорот, за креирање на кориснички профил за добивање на индивидуални известувања, истражувања на пазарот и подобрување на ефикасноста и квалитетот на нашите услуги.
Ние не собираме податоци за деца. Ако откриеме дека такви информации се пренесени кај нас без согласност од родител или старател на деца помлади од 16 години, ние ќе ги отстраниме без одложување. Малолетни лица на возраст под 16 години не смеат да ја користат интернет страницата www.ecotip.com.mk. Ниту еден дел од интернет страницата www.ecotip.com.mk не е дизајнирана да привлече лица помлади од 16 години. - Ецотип ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на посетителите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Дата центарот каде што се наоѓаат серверите Contabo во Германија и важат политиките и условите од следните линкови: Оваа Политика на приватност служи за да се утврди нашата посветеност кон приватноста и безбедноста на податоците на клиентите, како и за објаснување на политиките и процедурите имплементрани во однос на собирање и употреба на податоците за клиентите.
https://contabo.com/en/legal/terms-and-conditions/
https://contabo.com/en/legal/privacy/
https://contabo.com/en/legal/impressum/
- Која е правната основа за обработка на лични податоци?
Клиентот со внесување на неговите лични податоци и потврдување (кликнување) за прифаќање на Општите услови на работа и оваа Изјава за приватност, стапува во договорна врска која е основ за купување на производи и услуги по избор на клиентот на интернет страницата www.ecotip.com.mk, а која е содржана во Општите услови на работа. Обработката на овие лични податоци е легална затоа што се преземаат активностите на барање на Клиентот со цел да се реализира набавка на производи и услуги нарачани од Клиентот, како и склучениот договор во кој е Клиентот е купувач. Корисникот кој се пријавува за да добива известувања за производи и промоции со внесување на своите податоци на интернет страницата на eKupi и со двојно потврдување на исправноста на електронската адресата, дава дозвола за обработка на неговите лични податоци. Корисникот може да ја повлече согласноста за известувања во било кое време со испраќање на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци: stojcevski@ecotip.com.mk
Со кои приматели Ецотип Македонија дооел ги споделува личните податоци?
Ецотип доо Скопје нема да ги споделува личните податоци на Клиентот или Корисникот со други страни, освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат правните регулативи.
Ецотип доо Скопје, при барање на реализирање на договорот за купување на производи или услуги нарачани од Клиентот, ќе ги сподели личните податоци на Клиентот со:
1. Давателите на услуги за дистрибуција на стока со кој има постојан договор за соработка и за таа цел да исполнуваат нарачки, да испорачуваат пакети, да испраќаат пошта и електронска пошта. Давателот на услуги за дистрибуција може да ја побара на увид личната карта од Клиентот при личното превзимање на производите, а се со цел за реализација на услугата за испорака на пакетот и евиденција за тоа кој го превземал пакетот. Доколку Клиентот одбие да ја даде оваа информација, пакетот нема да му биде предаден.
2. Давателите на услуги во овластен сервис во случај Клиентот да поднесе жалба, рекламација за производот и доколку е потребна проверка на производ или да побара сервисирање на производот кој го купил, се со цел да може да ја реализира услугата за поправка, сервисирање или проверка на производот од страна на овластениот сервис.
Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка
Ецотип доо Скопје за време на плаќање на интернет страницата на www.filtracija.mk, како услов за плаќање на производите и услугите со кредитни или дебитни картички, бара дозвола од Клиентот да го активира процесот на плаќање преку компанијата Интернационален картичен систем АД Скопје (Casys.com.mk), бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 1, давател на услуги за процесирање и наплата преку (кредитни или дебитни) картички, договорен партнер на ЕЦОТИП и Обработувач на личните податоци. За таа цел, личните податоци на Клиентот (име и презиме на Клиентот и податоците од картичката на Клиентот) се привремено зачувани кај Интернационален картичен систем АД Скопје, кој ги чува овие податоци во согласност со сертификацијата за PCI DSS, највисоко ниво на заштита и доверливост. Клиентот го активира процесот на обработка и плаќање преку картичка со потврда (кликнување) на линкот "плати".
Ецотип доо Скопје во ниту еден момент не располага, не ги собира или обработува личните податоци внесени заради процесирање и наплата со картичка. Ги советуваме Клиентите да се информираат за обработката на личните податоци од страната на Интернационален картичен систем АД Скопје на интернет страницата на која се одвива процесот за плаќање или преку следниот контакт contact@casys.com.mk - Рок на чување на личните податоци
Ецотип доо Скопје ги чува личните податоци на Клиентите кој се регистрирани на интернет страницата www.ecotip.com.mk во период додека се постигне целта за обработка, а тоа е период од моментот кога регистрацијата е активна и шест месеци по прекинување на регистрацијата на Клиентот, период во кој ќе бидат решени сите жалби од претходниот период. Ецотип доо Скопје ги чува личните податоци на регистрираните Корисници кој примаат известувања за производи и промоции за период додека се постигне целта за обработката, а тоа е периодот до моментот кога регистрацијата е активна.
Пристап и корекција на лични податоци - право на корекција и дополнување
Клиентот и Корисникот во секој момент имаат можност да пристапат до своите лични податоци по регистрацијата на интернет страницата преку делот „корисничка сметка“, каде што имаат можност да ги ревидираат своите лични податоци што ги споделиле со Ецотип, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Клиентот и Корисникот може да побараат и да добијат од Ецотип комплетна информација за личните податоци кои се сочувани, како и корекција на истите со испраќање на електронска порака на електронската адреса за заштита на лични податоци: info@www.filtracija.mk - Бришење на лични податоци (право на бришење на лични податоци)
Клиентот и Корисникот имаат право во секое време да побараат бришење на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Клиентот тоа може да го оствари со испраќање на електронска порака на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци stojcevski@ecotip.com.mk или на info@ecotip.mk и податоците ќе бидат избришани во рок од 30 дена. Корисникот има можност да поднесе барање за бришење на секое известување добиено од Ецотип преку електронска пошта, односно може да испрати електронска порака на eлектронската адресата на Офицерот за заштита на лични податоци stojcevski@ecotip.com.mk или на info@filtracija.mk во која ќе наведе дека сака неговите лични податоци да бидат избришани.
Право на приговор
Доколку и покрај сите преземени мерки за заштита на личните податоци, сметате дека имате основ за приговор, контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци stojcevski@ecotip.com.mk или на info@filtracija.mk. Секако дека имате право и да поднесете пријава до надлежниот орган.
Сигурносни мерки за заштита на личните податоци
Собраните податоци се во електронска форма и се заштитени со SSL сертификат кој ги енкриптира податоците и со тоа се обезбедува комуникацијата помеѓу компјутерот на Клиентот или Корисникот и екupi.мк да се одвива преку безбеден протокол. Ецотип сериозно ја сфаќа заштитата на податоците и превзема различни мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоци преку Интернет или било која безжична мрежа, не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, иако Ецотип спроведува разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не може да гарантира заштита на било какви информации пренесени од или на интернет страницата www.filtracija.mk и не е одговорен за постапките на било која трета страна што прима такви информации.
Измени на Изјавата за приватност
Оваа Изјава за приватност на Ецотип доо Скопје, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на интернет страницата www.filtracija.mk. Затоа Ецотип ги советува Клиентите и Корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку Купувачот или Корисникот не се согласуваат со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат интернет страницата www.filtracija.mk. Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата www.filtracija.mk. Продолжување на користење на интернет страницата www.filtracija.mk од страна на Клиентот и Корисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека Клиентот и Корисникот ги потврдуваат и прифаќаат промените во Изјавата за приватност.
Правила за ракување со „колачи“
Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на интернет страницата www.filtracija.mk на различни начини, на пр. со цел да функционира интернет страницата Ецотип, за анализа на сообраќајот или за маркетинг цели. - Колаче (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет страницата да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето прелистувачи дозволуваат употреба на колачиња, но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.
- Колачињата може да се класифицираат како:
Привремени колачиња (Session cookies) - Колачиња за сесии - се зачувуваат на вашиот компјутер и потоа автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Тие овозможуваат интернет страницата да добие привремени информации, како што се коментари или статус на кошничката за купување.
Трајни колачи (Persistent cookies) - Тие остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање и обично имаат датум на истекување. www.filtracija.mk користи постојани колачиња за да го олесни пристапот на регистрираните корисници. Тие складираат информации како корисничко име и лозинка, што ви овозможува да ја користите функцијата „запамeти ме“ при најавување, за да не мора да ги внесувате вашето корисничко име и лозинка секој пат кога ќе ја посетите www.filtracija.mk.
Колачиња од прва страна - тие доаѓаат од интернет страницата што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или трајни. Тие им овозможуваат на интернет страниците да ги зачувуваат податоците користени кога корисникот повторно ја посетува интернет страницата. Колачиња од трета страна - Постојат неколку надворешни сервиси кои складираат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Instagram, Google Analytics и AdWords).
Овие колачиња не се поставени од страна на www.filtracija.mk и најчесто служат како помош при толкување на однесувањето на корисникот и за маркетинг цели.- Кои опции ви се достапни?
Во поставките на пребарувачот, како што се Internet Explorer, Safari, Firefox или Chrome, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот. Користете ја опцијата „помош“ во пребарувачот за да ги пронајдете потребните поставки.
Доколку изберете опција дека не сакате да прифаќате одредени колачиња, можеби нема да можете да користите одредени функции на интернет страницата filtracija.mk.