Енологија и енолошки производи
Дома/Дивизии/Енологија и енолошки производи
Екотип нуди комплетен асортиман на производи за сите фази на производството на вино, од бербата на грозјето, складирање, пред-флаширање и флаширање на виното, како и услуги за советодавна и техничка поддршка за најамбициозните проекти од областа на професионалното производство на вино.
Во овој сегмент Екотип својата соработка ја потпира на партнерството со Perdomini IOC и Mercier tonnellerie.
Она што не прави поразлични од другите е тоа што им помагаме на производителите на вино да ги постигнат своите цели со целосно почитување на локалните традиции, заради што долгогодишното искуство и специјализирано знаење на стручњаците од нашите партнерски компании е целосно на располагање на винарските визби во текот на целиот производствен процес.
Perdomini-IOC. е дел од институтот Oenologique de champagne, Француска - корпоративна група која е светски лидер во областа на производство и продажба на вино и суровини за производство на вино. Групацијата IOC има капацитети во Италија, Франција и Шпанија и работи низ целиот свет.
Mercier Tonnellerie е производител на висококвалитетни буриња и контејнери од Француски даб изработени на традиционален француски начин.Бурињата ги имаат сите карактеристики на врвен производ. Достапни се во различни големини. Во својата понуда имаат и алтернативни производи од даб кои се применуваат во призводството на вино. Компанијата е лоцирана во Франција меѓу градот Бордо и областа Коњак.