Концепт продавница

Во концепт продавницата на Екотип се изложени најсовремените и најиновативните производи за пречистување на водата и воздухот. Сите оние кои размислуваат да го подобрат начинот на живот а бараат исклучително и само квалитетни производи можат да дојдат во изложбениот простор да се информираат за сите детали и да се уверат во квалитетот на производите. Концепт продавницата се наоѓа во Скопје на улица Орце Николов бр. 202/1-3 (спроти Машинскиот факултет). Локација https://goo.gl/maps/GekjHp7eUBfvu8QZ8

Нашата коцепт продавница е пријатен и современо дизајниран простор во кој се внимателно изложени исклучиво одбрани производи кои нашата компанија ги нуди на своите клиенти. Можете да ја посетите во било кој работен ден и во пријатен амбиент со шолја кафе да поразговарате со нашите бренд менаџери. Но идејата не е само да ги видите, туку и да ги пробате, доживеете и искусите производите. Да ја дознаете приказната за вашиот омилен производ и да добиете поинакво, побогато искуство и впечаток. Да го одберете токму она што е најдобро за вас, вашето семејство, пријателите...