Категории на продукти
Контакт

Филтрација на течности

Преку одделот за филтрирање на течности покриваме повеќе индустрии и разни категории производи главно од нашите главни партнери во оваа дејност:

Pall Corporation - светски позната и доверлива компанија во сегментот на филтрирација на течности, сепарација и прочистување на течности.

Culligan International - основана пред 85 години, глобален лидер во обезбедување почиста, помека вода преку иновативни и одржливи решенија.

Ќе ви претставиме дел од решенијата на спомнатите брендови во следните сегменти:

  • Храна и пијалоци (решенија за филтрација во производството на вино, пиво, масло од канабис, јаболковина, алкохолни пијалоци, храна и состојки, итн.)
  • Биотехника (стерилни филтри, филтри за отстранување на микоплазма, филтри за намалување на биооптоварување, итн.)
  • Медицински (третман на вода во здравствени установи, јавно достапна вода и вода во домаќинствата, итн.)
  • Микроелектроника (широк спектар на апликации и индустрии, вклучувајќи: производство на полупроводник, дисплеј, складирање на податоци и фотоволтаици)
  • Индустриско производство (автомобилска, општа индустрија, пулпа и хартија, рударство итн.)
  • Решенија за третман на вода; третман на вода за ладење, третман на врела вода, третман на вода во процеси, рециклирање / повторна употреба на вода, итн.)

BWT - филтер и минерализатор за вода со која се приготвува кафето и други освежителни пијалаци во HORECA. Со водата оптимизирана од BWT се добива идеалното кафе прочистено од непожелните а збогатено со важни состојки на водата.


Flowater е диспанзер за вода кој покрај целосното пречистување, целосно го подобрува нејзиниот хемиски состав и Ph вредност и по желба ја загрева или лади водата. Со овој третман се добива вода како од највисоките планински извори. Посебно е погоден за употреба во објекти со голема фреквенција на луѓе (погони, административни објекти, училишта и сл.).

Одделот за филтрирање е еден од најважните сегменти во целокупната работа на Екотип. Изминативе години Екотип обезбеди решенија за филтрирање на течности за многу домашни брендови и компании како Скопска пивара, Кожувчанка, Горска, винарија Тикеш, Свислион, приватна клиника „Жан Митрев“, итн.

Категории на продукти

Решенија за медицинска филтрација на вода (PALL)
Решенија за третман на вода (Culligan)
Системи за омекнување на вода (Culligan)
Системи за реверзна осмоза на Culligan
Системи за филтрација на вода на Culligan
Филтрација во индустријата за храна и пијалоци (PALL)
Филтрација на микроелектроника  (PALL)
Филтрација на течности на PALL Biotech
Филтрација при индустриско производство (PALL)