Индустриja

Екотип претставува современа општествено одговорна компанија, со 25 години искуство во голем број индустриски гранки, препознатлив бренд - лидер во делот на процесите на филтрација на воздух и течности, како и трансмисија и трансмисиони елементи.

Основната дејност на компанијата покрај фитрацијата на воздух и течности ги опфаќа и процесниот инженеринг, индустријата на масла и мазива, безбедност при работа, индустријата на метали, производството на вино и многу други сегменти во повеќе индустрии.

Ekotip

Уште на почетокот, како млада компанија ги прифативме принципите за достигнување успех: Квалитет, Безбедност, Едноставност, Ефикасност, Ефективност. Со нашиот пристап во работата ја нагласуваме потребата да се биде праткичен, аналитичен и јасен.

Како компанија ориентирана кон резултати, секогаш стремиме да го потврдиме секој проект подеднакво во секој аспект од неговата имплементација. Затоа сметаме дека е од суштинска важност секој проект да биде адекватно разбран на сите нивоа во организацијата - вертикално и хоризонтално.

Размислуваме глобално, но делуваме локално. Тоа што сме партнери и соработници со најдобрите глобални компании на пазарот на споменатите индустрии ни помага да се надградиме, растеме и да го пренесеме локално истото ниво на квалитет и енергија, суштинските фактори за нивниот успех.

Од првиот ден на нашето постоење континуирано инвестираме во развојот на нашата компанија. Создадовме свој кадар и постојано дејствуваме како социјално општествена компанија. Тежнеејќи кон совршенство се обидуваме да оставиме наследство, позитивен пример на компанија која значително допринесува за општото добро на населението, општеството, но и за заштита на природата.

Храна и Пијалоци
Биофармација и биотехнологија
Автомобилска индустрија
Медицинска индустрија
Индустрија за метали
Микроелектроника
Хемиска индустрија
Обновлива енергија
Услужни дејности