Системи за реверзна осмоза на Culligan

Реверзната осмоза е мембрански процес, кој овозможува да се отстранат скоро сите супстанции присутни во водата, без разлика дали се суспендирани или растворени.

Користејќи ја најновата мембранска технологија со висока ефикасност, заедно со робустен докажан дизајн, Culligan може да обезбеди РO систем кој е брз за испорака, а уште побрз за инсталирање. Culligan има децениско искуство и илјадници РО инсталации низ целиот свет.

Предности на системот за вода со Реверзна Осмоза (РО):

  • Значителна заштеда на трошоците
  • Подобрена енергетска ефикасност
  • Подобрени перформанси на системот
  • Намалување на бигор
  • Супериорен вкус и јасност
  • Плакнења без дамки

Апликации за вода од реверзна осмоза (РO):

  • Производство на храна и пијалоци
  • Пред–третман на вода која се користи кај бојлери и ладилни кули
  • Пред–третман за системи за вода со висока чистота
  • Био-фармацевтско производство
  • Сечење со воден млаз
  • Производство на пареа и навлажнување
  • Производство на електрична енергија