Системи за омекнување на вода (Culligan)

Заштитете ја процесната опрема со еден од светско водечките системи за омекнување на вода. Culligan линијата на омекнувачи е една од нај комплетните во индустријата, која ги задоволува потребите за отстранување на бигор со протоци кои варираат од 1 до стотици кубни метри на час.

Со иновативните технологии кои се имплементирани во моделите од типот на HE (High Efficiency) како на пример прогресивен проток, Culligan паметен контролер, враќање на солениот раствор и Aqua-Sensor® технологиите, системите за омекнување од Culligan се помеѓу нај ефективните технолошки напредни системи во светот.

Погодности од користење на мека вода

  • Намалување на бигор
  • Продолжен животен век на опремата
  • Намалена потрошувачка на вода и енергија
  • Намалени трошоци за одржување, хемикалии и детергенти

Каде се користат омекнувачите?

  • Пред – третман за бојлери
  • Вода во ладилни кули
  • Ултра мека вода за инјектори на пареа во масло
  • Состојки, процесна и техничка вода за производство на храна и пијалаци
  • Уреди кои користат вода во Комерцијални кујни
  • Навлажнување и климатизација
  • Како пред – третман за системи за Реверзна Осмоза (RO) и Дејонизација (DI)