Филтрација при индустриско производство (PALL)

Индустриските решенија за филтрација на Pall ги покриваат следните сегменти: автомобилска индустрија, општа индустриска филтрација на вода и лубриканти, пулпа и хартија, рударска индустрија, индустриски и мобилен ОЕМ, примарни метали.

Автомобилска индустрија

Само неколку индустрии се толку предизвикувачки како што е автомобилскиот пазар. Строгите стандарди за квалитет, големите количини и тесните рокови на производство значат дека нема простор за грешки во производствениот процес. Производите за филтрирање на Pall може да помогнат да се зголеми производството и растот на пазарот.

Дознајте повеќе за филтрацијата во автомобилската индустрија

Генерална индустрија

Филтрација на вода и лубриканти: бројни процеси ја користат водата за измивање во текот на процесите, како и разни лубриканти и масла за подмачкување за широк спектар на индустриска опрема. Без оглед на примената, останува потребата за филтрација со високи перформанси. Ефективната и сигурна филтрација резултира во намален застој при одржување на опремата, како и продолжен век на траење на машините и опрема за процесите што води кон целокупно подобрување на деловните перформанси.

Дознајте повеќе за филтрација во разни индустриски процеси

Хартија и целулоза

Pall е глобален снабдувач на филтрациони решенија за примена на пулпа и хартија. Нашите решенија нудат точни резултати, импресивни оценки, издржливост и лесни се за употреба. Широкиот спектар на напредна технологија за филтрирање и сепарација обезбедува единствени, економични решенија за предизвиците во индустријата за пулпа и хартија и строги барања за контрола на квалитетот.

Дознајте повеќе за филтрацијата во процесот на производство на хартија и целулоза

Рударство

Рударските работи се потпираат на тешка опрема и конзистентно снабдување со вода. Масивните машини бараат врвни системи за филтрација на лубрикантите за подмачкување подмачкување за да се избегне абење што ги попречува перформансите и може да ги запре сите операции. Рударството е исто така операција која бара големи и интензивни количества вода, односно бара специјализирани системи за филтрирање кои ќе овозможат непрекинато работење, но и ќе ја исполнат потребата од постојан надзор во врска со употребата и отстранувањето на свежа вода.

Дознајте повеќе за филтрацијата при рударските операции

Примарни метали

Филтрацијата на течности како поддршка при производството и обликување на примарни метали е критична и има бројни примени. Ефективната филтрација влијае на времето на работење, фреквенцијата на одржување, квалитетот на производот, векот на траење на опремата и вкупните деловни перформанси. Решенијата за високотехнолошка филтрација на Pall обезбедуваат оптимизирана филтрација и сепарација со цел да го зголемат примарниот квалитет на производот од метал и да го минимизираат времето на застој за предвидената операција.

Дознајте повеќе за решенијата за филтрација при обработката и производството на производи од метал