Горска вода

За само 5 години „Горска“ стана еден од најпродаваните македонски брендови. .

Компанијата Кодинг започнува да ја произведува водата „Горска“ во 2004 година откако корпоративната анализа за пазарот во Македонија покажал дека на пазарот недостасуваат брендови на високо квалитетна вода за пиење. Благодарение на инкоропорирањето на современи производни процеси и модерен маркетинг, денес Кодинг е една од најуспешните произведувачи на флаширана вода за пиење во Македонија.

Заедничките вредности и визии на Кодинг и Екотип ги спојуваат нивните патишта. Двете компании се залагаат за квалитетна услуга и инкорпорирање на најсовремените светски процеси во индустријата со што би се добило квалитетен производ, конкурентен и препознатлив на европските и светски пазари. И така, Горска го одбира системот Pall чиј ексклузивен застапник е Ецотип, како најадекватен систем за филтрација на водата и соодветен на нивните високи стандарди.

Во меѓувреме, нашата компанија оствари уште неколку успешни соработки со Кодинг за подобрување на квалитетот на нивните производи.

Други завршени проекти