Ресторан Дукат

Ресторан Дукат е лоциран во центарот на Скопје. Кога во 2003 година започна со работа беше еден од морето ресторани во градот. Но менаџерите на Дукат знаеја како низ годините ресторанот да се наметне во градот како препознатливо и посакувано место за скопјани

Со добриот стил, амбиент, грижа и пријателски однос со клиентите стана омилено место на многу урбани ликови, режисери, доктори, адвокати, бизнисмени. А Дукат грижата и пријателскот однос со своите клиенти го надградува постојано. За да се остане на врвот е честопати потешко отколку да се стигне до него.

Во потрага по подобрување на условите за престој во ресторанот, нашата компанија Ецотип на барање на менаџментот на ресторанот во 2020 година обезбеди и инсталираше неколку врвни пречистувачи на воздух.

Професионалниот AAF е пречистувач наменет за многу големи површини. Успешно го филтрира воздухот од неоргански и органски соединенија, бактерии и вируси вклучително и корона вирусот SARS-Cov-2. Успешно ги отстранува и неутрализира миризбите од просторијата како и оние од цигари, храна и др.

Покрај наведениот, во Дукат се инсталирани уште неколку врвни пречистувачи од марката Blueair. Овие пречистувачи ги имаат истите можности за филтрирање како претходниот - органски и неоргански материи, корона вирусот, миризбите и сл. но се со помал капацитет и се сместени во помалите простории на ресторанот.

Со овој потег ресторанот своето управување го подигнува на едно повисоко ниво наречено социјална одговорност. Во пандемиска година кога сите бизниси беа ставени пред голем предизвик а животот и здравјето на граѓаните ги демнеше опасност од секое ќоше, ресторан Дукат формираше т.н. безбедна зона во која може да се дише здрав и незагаден воздух. Зона во која ризикот од пренос на патогени преку воздухот е драстично намален. Зона каде се дише свеж и неутрален воздух. Тоа на гостите им влеа сигурност безбедност и нормалност и им остави повеќе простор за уживање и престој во и онака пријатниот амбиент на ресторанот.

Менаџерот Димитар Зографски рече дека со реализирање на овој проект ресторанот ја надополнува убавата атмосфера и целосно се адаптира на новите услови на работа. Но и дека „Дукат“ не застанува тука. Потрагата по подобрување на условите за гостите на ресторанот продолжува.

Со оглед дека ова е веројатно првиот ресторан во државата обезбеден со ваков професионален систем за пречистување на воздухот, вработените и менаџментот во Ецотип се опсебно горди што се пионери во еден нов процес на подигнување на безбедноста на граѓаните. Процес за кој сметаат дека е неминовен и неповратен и дека периодот што следи само ќе ја подигне свеста кај останатите а процесот ќе стане масовен.

Други завршени проекти