Категории на продукти

Нерѓосувачки челик и алуминиум

Наш партнер во сегментот од нерѓосувачки челик е словенечката компанија MDM. Таа е активна областа на производи и услуги од нерѓосувачки челик и алуминиум повеќе од 40 години. Долго воспоставената традиција на одржување флексибилни, квалитетни и услуги со висок стандард е проникната со бројни референци стекнати во соработка со партнери од Словенија и од странство. MDM е реномиран партнер на компании од металната, прехранбената, преработувачката, автомобилската, хемиската и фармацевтската индустрија.

MDM е основана во 1976 година кога започна со работа работилницата на Марко Драшлер за преработка и продажба на високолегиран и отпорен на корозија челик. Од самиот почеток компанијата ја стекна довербата на своите клиенти и беше поканета да работи со фармацевтската компанија Лек на голем број проекти за развој и производство на механичка опрема.

Во овој период од 40 години компанијата презема различни проекти за производство и преработка на механичка опрема за пазарите во поранешна Југославија. Признанието дојде по успешното завршување на многу тешки и предизвикувачки проекти како што се развој на високо сложен лабораториски и полуиндустриски пилот биореактор со комплетна опрема за мерење и регулација, производство и инсталирање опрема во фабриката за бои и лакови „Колор“ и инсталирање производи од нерѓосувачки челик во Фармацевтска фабрика „Крка“ во Ново место.

Категории на продукти

Алуминиумски лим
Алуминиумски цевки
Алуминиумски шипки и профили
Вентили
Материјал за заварување
Мрежи и сита
Нерѓосувачки лим
Нерѓосувачки цевки
Нерѓосувачки шипки и профили
Спојки и стеги
Фитингарија
Шрафовска роба